Oбвинeти двajцa пpилeпчaни зa тeшкa кpaжбa во cтaн во Скопје: Oштeтaтa изнecyвaлa 474 илjaди дeнapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалиле во стан на улица „Манапо“ во Скопје, така што со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отвориле бравата од влезната блиндор врата. Извршиле пребарување на станот и одзеле женски парфеми, стара колекција пари, рачни часовници и накит во вкупна вредност од 474.000 денари.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје донесе и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, додека вториот се уште е недостапен на органите на прогонот.​​

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This