Пред малку се случи тешка сообраќајка во близина на Росоман во која учествуваше полициско возило и автомобил Волксваген Пасат.
Информациите од теренот говорат дека има и повредени.
Еден од полициските службеници има видлива повреда на главата, а патниците од Пасатот се во потешка здравствена состојба.
Неофицијално полицијата се движела со вклучена ротација и претекнала најмалку три возила на регионалниот пат по што удрило во возилото кое поминували на раскрсница.
Во моментов пристигна брза помош, а се насобраа поголем број граѓани кои се таму да помогнат.