Tpaгeдиja на Гинekoлогиja вечерва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починала родилка, врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво, објави Канал 5 телевизија.

Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре.

Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка.

Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде денеска на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

Како што информиравме, повеќе детали од ГАК најавија за утре, а Канал 5 ќе го проследи случајот со повеќе детали во утрешните информативни изданија, најави телевизијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This