- Advertisement -
Едно лице загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне.
Како што било пријавено во Полициската станица Прилеп, на локалниот пат Прилеп-с.Лениште, мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(71) од Прилеп изгубил контрола и излетал од патот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.