Xaoc во Белорусија по изборите , во Минск пpoтести и ekcплозии (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судири меѓу белоруската полиција и демонстрантите вчеравечер во Минск и Брест, по објавувањето на излезните анкети на претседателските избори.

Долгогодишниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, се избори за шестиот мандат, и покрај зголеменото незадоволство на граѓаните поради неговото авторитарно владеење и негирањето на значењето на епидемијата на коронавирусот.

Околу 1.000 демонстранти се собраа вчерравечер во близина на обелискот во чест на Минск како „херојски град“ во Втората светска војна.

Полицијата жестоко се судри со нив, тепајќи некои со палки, а подоцна користела и шок-бомби за да ги растера.

Според некои извештаи , сеслушале и експлозии во центарот на Минск, а можело да се види облак од чад.

Медиумите наведоа дека полицијата во Брест фрлила солзавец кон демонстрантите.

Тројца новинари од независната руска телевизија биле претходно уапсени, откако интервјуирале лице од опозицијата.

Лукашенко вети дека ќе го задуши секој протест.

Иако прелиминарните резултати од изборите не се очекуваат пред понеделник, државната изборна комисија пред затворањето на изборите објави дека Лукашенко освоил 82 проценти од гласовите во болниците и центрите за рехабилитација во пет од шесте региони.

Светлана Тихановскаја, единствениот противкандидат , по апсењето на тројвжцата сериозни ривали во текот на кампањата , вчеравечер рече дека мнозинството граѓани биле со неа и ги отфрлила резултатите засновани врз излезните анкети, според кои таа освоила 6,8 проценти од гласовите, а Лукашенко 79,7 проценти.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This