(Видео) Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави денеска пред почетокот на 17. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Но, додава, и покрај овие факти, како што нагласува, порадилитичката некултура којашто владее во Македонија, веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција.

-Затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори, затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Она што е важно и што треба да го кажеме е дека сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија, вели Мицкоски, кој е единствен кандидат на Конгресот за нов претседател на партијата.

Ако поминавме четири години за внатрепартиска трансформација и реформи, нагласи тој, следат сега реформи за да се врати Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This