Путин: Пeчaтeњeтo дoлapи влиjaе вpз цeлaтa глoбaлнa eкoнoмиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Печатењето повеќе долари за покривање на буџетскиот дефицит на Соединетите Американски Држави влијае врз целокупната светска економија, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, инфлацијата во САД надминала 5,0 отсто додека таргетираната стапка е околу 2,0 отсто, а Соединетите Држави две години по ред, како што кажа, прават буџет со дефицит од 15 отсто, пренесува агенцијата ТАСС.

„Значи, тие го покриваат овој дефицит на сметка на што? На сметка на емисијата на доларите. Оттука потекнува инфлацијата“, кажа Путин отворајќи го состанокот за економски прашања, на кој учествуваат највисоките руски финансиски, економски и монетарни функционери.

Додаде дека „нормално, тоа влијае целосно на комплетната светска економија, имајќи го предвид значењето на американската економија за целиот свет и улогата на доларот како најголема, најбарана резервна валута“.

Путин ги повика учесниците на состанокот да се фокусираат на начинот на кој руската економија ќе ги надмине последиците на пандемијата на коронавирусот.

„Гледаме дека глобалното економско заздравување продолжува генерално по прилично високи стапки, но овој процес е врзан и за ризиците од инфлацијата“, кажа рускиот претседател.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This