Лавров: Се надевам дека САД нема да го претворат Балканот во фронт против Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на руската дипломатија вели дека ставањето на балканските држави пред вештачки избор ‘или Европска Унија или Русија’ е контрапродуктивно и неправедно.

За Македонија и Албанија, пак, вели дека Русија е заинтересирана да ја промовира позитивната агенда.

Русија очекува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе има доволно политичка волја и причина Балканот да не го претвори во уште еден фронт на антируската конфронтација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за босанскиот весник „Ослобоѓење“ по повод 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Босна и Херцеговина (БиХ).

Коментирајќи ја тезата за Босна и Херцеговина како „жртва на руско-американската конфронтација“, Лавров рече дека Русија не ги решава своите проблеми на сметка на ничии интереси и не ги става партнерите пред избор „или со нас или против нас“.

„Нашиот принципиелен став е добро познат – на регионалните проблеми им требаат регионални решенија засновани на инклузивен дијалог и земајќи ги предвид позициите на сите засегнати страни“, вели Лавров.

Тој вели дека Вашингтон во последно време избегнува да разговара со Русија не само за БиХ, туку и за балканското прашање во целина.

„Се надеваме дека администрацијата на Бајден има доволно политичка волја и причина да не го претвори Балканот во уште еден фронт на антируската конфронтација, во спротивно тоа ќе има катастрофални последици за цела Европа“, нагласи Лавров.

На прашањето кој е главниот интерес на Русија на Балканот, Лавров смета дека тоа е мир, безбедност и стабилност во регионот.

„Соработуваме со сите на еднаква, меѓусебно почитувана, транспарентна основа, на принципите на меѓународното право, пред сè на Повелбата на ОН“, вели рускиот министер за надворешни работи.

Според него, митот за „штетното влијание“ на Москва е „измислен“. Вели дека ова е поттикнато од локални русофоби за да ја поткопаат атмосферата на соработка во регионот и додава дека ова е веројатно во интерес на поединечни нерегионални играчи кои претпочитаат „лов во матни води“.

„Ставањето на балканските држави пред вештачки избор ‘или Европска Унија или Русија’ е контрапродуктивно и неправедно. Тоа предизвикува формирање нови линии на поделба во регионот, ја попречува соработката“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто вели и дека волјата на граѓаните на балканските држави често намерно се игнорира.

„Погледнете до што доведе тоа во Црна Гора, која буквално беше вовлечена во НАТО, спротивно на мислењето на мнозинството“, нагласува шефот на руската дипломатија.

Тој смета дека насилно се турка евроатлантската агенда и потсетува на тоа што правеле членките на НАТО во регионот во 1990-тите.

„За жал, последиците од бомбардирањата со осиромашен ураниум ќе ги почувствуваат многу генерации локални жители“, додаде Лавров.

Тој, исто така, истакна дека Србија е клучен партнер на Русија на Балканот, а Москва го цени стратегиското партнерство со Белград и работи на подобрување на билатералните врски во целина.

Разгранетите односи на Русија со Хрватска, членка не само на Европската Унија, туку и на НАТО, додаде рускиот министер за надворешни работи, се јасен пример за тоа како може да напредуваат заемно корисните односи доколку постои заедничка желба за тоа.

„Ние сме заинтересирани да промовираме позитивна агенда со Македонија и Албанија“, додаде тој.

За Косово, како што вели, „од очигледни причини“ тоа не треба да биде вклучено во генералниот поредок.

„Ставот на Русија е добро познат. Го поддржуваме постигнувањето на одржливо и заемно прифатливо решение од Белград и Приштина врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Тоа мора да биде одобрено од Советот за безбедност, бидејќи се работи за обезбедување меѓународен мир“, вели на крајот од интервјуто Лавров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This