Албанците ги чуваат парите под перница: Според Централна банка на Албанија надвор од банкарскиот систем има 2,8 милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 344 милијарди леки (2,8 милијарди евра) циркулирале надвор од банките во Албанија на крајот на минатата година. Ова се податоци на албанската Централна банка, според која е забележано највисокото историско ниво од кога почнало да се објавува овој податок во 2002 година.

– Се чини дека и пандемијата со коронавирусот, исто така, го зголеми протокот на пари во готово и покрај преземените мерки од властите за поттикнување на употребата на банкарската индустрија. Од крајот на февруари, пред да започне пандемијата, овој показател се зголемил за повеќе од 55 милијарди леки. Во однос на вкупниот износ на пари, надвор од банкарскиот систем циркулираат 23,6 отсто, пренесува ТВ „Ора њуз“.

Нивото на пари од околу 24 отсто што се надвор од банките од вкупниот износ е многу повисоко од просекот на Европската Унија и на регионот. Според податоците на Европската централна банка, нивото на пари надвор од банките во еврозоната е околу 9 отсто од вкупниот износ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This