Албанците печалбари на семејства испратиле 541 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парите што Албанските иселениците им ги испраќаат на своите семејства, во периодот јануари-септември имале значителен раст од 71 милион евра, споредено со истот период минатата година, кога биле испратени околу 470 милиони евра.

Според податоците на Централна банка на Албанија, во тој период приливите на средства изнесуваат 541 милиони евра, што претставува највисоко ниво од 2009 година.

Споредено со истиот период минатата година, кога земјата ги трпеше последиците од пандемијата и затворањето на Европа, дознаките се зголемени за 15 отсто. Споредено со истиот период 2019 година, зголемувањето е за околу 4,5 отсто.

– „Главната улога во овој тренд во однос на преткризниот период имаше првиот квартал. Во периодот јануари-март оваа година, парите што емигрантите им ги испратиле на роднините во Албанија изнесуваат 169 милиони евра, што е највисоко ниво од 2010 година, и претставува зголемување од 12,5 отсто во споредба со првиот квартал од 2019 година“ соопштуваат од банката.

Влијателен фактор врз тоа се зголемените трошоци на домаќинствата за справување со здравствените последици од пандемијата, поради што блиските во странство испратиле поголема поддршка од вообичаено во првите месеци од годинава.

Најголемиот процент од средствата се од Италија и Грција, поради големиот број печалбари кои живеат и работат во овие земји. Но, во последните години се зголемуваат и приливите од новите земји на емиграција, главно од Обединетото Кралство, а особено од Германија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This