АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ДОЖИВЕА НЕСРЕЌА НА МОРЕ:Кога го слушнал нејзиниот врисок и ја видел локвата крв, Филип се избезумил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ не отидоа на меден месец поради нејзините настапи, па одморот во Црна Гора требаше да биде барем налик на меден месец, но се тргна на лошо. Иако само за една ноќ платиле 5.000 евра како би се опуштиле и уживале во краткиот одмор, на нив летувањето им преседна.

Како што пишуваат српските медиуми, Александра се лизнала на јахтата и се исекла на металниот дел од степениците кои водат во потпалубата, поради што завршила во болница.

Александра и Филип изнајмиле јахта како би можеле да крстарат по Јадранот. Меѓутоа мини медениот месец се претворил во пекол. Се се одиграло за неколку секунди.

-Александра тргнала да земе млеко за сончање и во еден момент се лизнала, не успеала да се задржи и да го ублажи падот. Нозете буквално и излетале и со десната ја зафатила металната ограда крај степениците кои водат во потпалубата. Како е во прашање остар лимен дел, таа ја исекла десната нога и дел од стапалото од горната страна. Филип ја подготвувал јахтата за пловидба и кога таа вриснала се избезумил. Посебно што во секунда на палубата имало многу крв – раскажал сведок кој сето тоа го видел.

Заедно со уште неколку луѓе притрчал да им помогне. Филип ја скинал блузата како би ја врзал раната бидејќи делувало дека ќе искрвари. Ја зел во прегратка и ја одвел во Будва во болница, каде на Александра и била укажана прва помош.

-Дури вечерта го сретнав Филип кој ми кажа дека раната морала да се шие бидејќи била длабока. Како повредата била близу тетивата, се изгледало многу  полошо поради крвта која лиела од сите страни. Таа сега има четири копчи и нема да може да се бања- објаснил изворот.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This