АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА БЛОKИРАНА:Ѕидот на границата со Мексико ги подели политичарите! – Трамп бара пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од полноќ во САД дојде до делумна блокада на владата по неуспехот на преговорите меѓу Републиканците и Демократите и околу спорот на барањето на претседателот Доналд Трамп, Конгресот да одвои 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Откако не беше постигнат буџетскиот договор, лидерите на Конгресот и Белата куќа ветиле дека ќе продолжат со преговорите во текот на викендот во потрага по договор за ставање крај на владината блокада за време на божиќните празници.

Во петокот после полноќ , истекло буџетското финансирање на повеќе федерални агенции.

Трамп на Твитер преку видео порака се обрати: Нашата прекрасна земја мора да има безбедни граници.


Како што пренесува Ројтерс, Трамп во четвртокот ги притиснал републиканските пратеници во Претставничкиот дом за да го искористи законскиот предлог за краткорочно финансирање на дел од администрацијата како инструмент за “запленување” на пет милијарди долари потребни за да го кренат тој ѕид на границата, и покрај противењето на демократите.

По гласањето во Претставничкиот дом доцна во четвртокот, претседателот на Комитетот за буџет, Родни Фрелингенсон, побарал од Сенатот да донесе одлука за финансирање и да ја спречи блокадата на владата”, но тоа не се случи.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This