Легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена Аки Рахимовски (64) повторно стана татко. Среќната вест ја потврди самиот пејач за посталот „24сата.хр“.
На фронтменот на „Парни ваљак“ ова му е третото дете, а прво со таинствената Барбара (37) за која се знае дека работи како здравствена техничарка.
Мајката на Барбара, Розалија, открила дека новороденото девојче се вика Антонија, а на свет дошла пред три месеци.
– Сѐ е одлично. Девојчето се вика Антонија. Задоволна сум со Аки, рекла Розалија.
Пејачот од првиот брак го има синот Кристијан (38), кој исто така е музичар, како ќерката Дора, која ја доби во бракот со Ингрид, со која ретко се појавуваше во јавноста. Со поранешната сопруга Ингрид беше во брак 40 години, а на таа врска, сега изгледа ѝ дошол крајот.