Граѓаните на Сирија, кои оваа година дочекаа големи територии од нивната земја конечно да бидат ослободени од исламистите, го прославуваат Божиќ, со надеж дека војната се ближи до крајот.
Пред неколку дена во центарот на Дамаск било поставено и најголемото Божиќно дрво во дравата. Голем број луѓе се собрале, многумина облечени во божиќни костими, пееле и играле. Божиќната елка е 30 метри висока, а целта на прославата била конечно на овие простори да се прошири малку љубов и среќа за сите – пренесува “Раша Тудеј”. Во текот на 2018 година, главниот град на Сирија беше ослободен од џихадистичките милитанти. Откако животот во државата се врати во нормала, прославите стануваат се пошарени, речиси исти какви што беа пред почетокот на војната.