БРИСЕЛ Е НОВОТО ГОЛЕМО ШПИУНСКО ГНЕЗДО: Дваесет и првиот век е век на информации, а со тоа и на шпионажи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога имате толкава концентрација на институции од политички и финансиски карактер, каде што се донесуваат важни одлуки, логично е да имаме и голема концентрација на разознавачки активности.

Дваесет и првиот век е век на информации, што значи дека веќе не е проблем да се дојде до информации, вели професорот на  белградскиот Универзитет „Унион“ Горан Матиќ.

Како што пишува весникот „Политико“, Брисел е новото големо „шпиунско гнездо“ во Европа. Весникот потцетува дека шефот на Австриската разознавачка агенција Петер Градлинг изјавил во јуни дека „Брисел ја претрка Виена“ кога е во прашање густината на т.н.„разознавачки служби надвор од ЕУ“.

Весникот се повикува на неименуван поранешен белгиски разознавач кој кажал дека „ Студената војна се врати, и во моментов повеќе странски служби работат во Брисел, отколку во годините пред да падне Берлинскиот ѕид“

Горан Матиќ, Професорот по трудова политика и право на белгратскиот универзитет „Унион“, вели дека зборот „шпиун“ асоцира на филмовите со Џејмс Бонд, потоа на шпиунажа во текот на втората светска војна или пак на студената војна, кога во Виена и Берлин се состанувале советските, американските и англиските шпиуни.

Но, напоменува соговорникот, Брисел не е „легло на шпиуни“ од тој карактер, од проста причина што сликата на светот денес е сосема различна.

„Секако дека во Брисел, големата концентрација како на дипломатски корови, така и разни служби, вклучувајки и разознавачко-безбедносни служби. Тука е и НАТО командата со комплетна разознавачка структура, европските служби, банките и амбасадите на голем број држави. Во ситуација кога имате толкава концентрација на голем број служби од политички и финансиски тип, каде што се донесуваат важни одлуки и каде што се влијае на други политички и финансиски текови, сосема е логично да имаме и голема концентрација на разознавачки работи, со тоа што таквата ранбота во некои случаи е и кнализирана низ дипломатски канали, некогаш низ воени претставништва, а некогаш и во форма на тргоцски и компаниски претстабништва“, објаснува Матиќ.

Како што вели, не само дека Брисел е центар на дипломатија и воени структури на разни земји, туку и самата ЕУ има цел сет безбедносно-разознавачки структури како Европската обрамбена агенција, Европол и Агенција за безбедност на информации.

На прашањето дали приказните за голема корупција внатре во бриселските структури го олеснуваат прибирањето на разознавачки информации, Матиќ укажува дека ЕУ сеуште се состои од 28 членки и дека во себе има разни групации на земји кои имаат различни интереси.

„Јас тоа го викам ’евробизнис‘, бидејки внатре во ЕУ имаме низа на спротивставени интереси. Да речеме вака, зошто некој значаен проект на пример не добие Полска, туку го добие Португалија и обратно? Јасно е дека има борба на влијанија, трговско влијание, лобирање, а на некој начин и корупција. Големите системи не се имуни, а колку системот е поголем, толку е по ранлив. Притоа, што значи појмот ’шпионирање‘? Доколку собирате информации тоа можете да го правите по легален или не легален канал. Дваесет и првиот век е век на информации, што значи дека веќе не е проблем да се дојде до информација, туку е проблем да се обработи информацијата“, приметува Матиќ.

Колку за потцетување, Бундестагот на Германија пред две години усвои закон со кој на разознавачките служби им се овозможува да ги шпиунираат институциите на Европската Унија и членките на ЕУ.

Исто така, не се не познати ни наводите на Викиликс според кои американската безбедносна агенција НСА ги прислушкувала високите германски државни службеници, Викиликс објави два документи, едниот со скратен пресретнат разговор на канцеларката Ангела Меркел и високиот помошник во врска со грчката должничка криза, а вториот помеѓу Англиската разознавачка служба и НСА.

Подготвил
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This