Британскиот премиер хоспитализиран со силни симптоми на корона вирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот премиер Борис Џонсон е хоспитализиран вечерва, јавуваат британските медиуми. Британскиот премиер беше заразен од корона вирусот пред 10 дена, но и натаму има симптоми, вклучувајќи ја и високата температура. Како што соопшти канцеларијата на премиерот Џонсон, тој е пренесен во болница на дополнително тестирање, пред се како мерка на претпазливост. Споре неговиот портпарол, сосема логично е Џонсон да биде прегледан од докторите, заради фактот дека и натаму има симптоми на корона вирус.

Се соопштува дека Борис Џонсон и натаму останува носител на извршната власт и е во контакт со министрите и останатите високи владини претставници. ББЦ јави дека Џонсон ноќта ќе ја помине во болницата. Следниот сотанок на владата за пандемијата корона вирусот ќе го раководи министерот за надворешни работи Доминик Рааб. Џонсон премиерската функција ја вршеше од својот дом откако беше објавено дека е позитивен на корона вирусот на 27-ми март.

Последен пат во јавноста беше виден во Четвртокот, кога пред Даунинг Стрит 10 се придружи во аплаузот за поржртвуваноста на вработените во националното британско здравство и останатите јавни официјални лица изложени на најголем ризик од пандемијата.

Веста доаѓа еден ден откако и свршеницата на Џонсон, Кери Симондс, која е бремена, ги почувствувала симптомите на корона вирусот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This