Ирачанката Вахида Мухамд ал Џумаили го посветила својот живот на борба против исламитите од ИСИС кои и го убиле семејството
Оваа жена во борба тргнала уште во 2004 година, а на јавноста и станала познат по бруталноста со која се пресметува со терористите од ИСИС. Самата терористичка организација ја има означено како една од најопасните личности, а нивниот лидер Абу Бакр ал Багдади и испратил закани со смрт.
Вахида во војната против терористите ги изгубила нејзиниот сопруг, двајцата браќа и татко и. Самата таа вели дека досега убила 18 џихадисти, дури и гордо нагласува дека им ги отсекла главите, а потоа ги сварила како одмазда.
– Се борам против нив, им ги отсекувам главите, ги варам и ги горам нивните тела – рекла за Си-Ен-Ен Вахида.
Таа има објавено серија фотографии на Фејсбук, меѓу кои и оние како во рака држи отсечени глави на припадници на ИСИС. Таа предводи и паравоена формација од 70 луѓе, кои против терористите се борат во местото Ширкат, јужно од Мосул.
– Ми ставаат бомби под автомобилот. И во 2006 година, и во 2009, 2010, трип пати во 2013 и еднаш во 2014 година.Неколку пати беа близу да ме ливкидираат.