Вечерва почина уште еден пациент во велешката болница, четврти во последните 24 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва почина 65 годишен пациент на инфективното одделение во велешката болница, пренесува порталот Велес365.

Пациентот е од Градско, а бил примен денеска утринава со симптоми на зараза со Ковид-19, но заразата не е потврдена. Во последните 24 часа починаа уште тројца пациенти во велешката болница, како последица од компликации настанати од заразата со Ковид-19.

Починати се еден маж на 62-годишна возраст и жена на 62-годишна возраст за која известивме вчера. Почина и пациент на 69 години од Свети Николе. 65 годишниот пациент од Градско е 4-ти пациент кој почина во велешката болница во последните 24 часа.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This