(Видео) Борисов направи шoy на прес-конференција: Бугарите и Македонците ќе се иckaраат кој прв стапнал на Месечината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов направи телевизиско шоу за време на брифингот со новинарите, два дена по повторените парламентарни избори на кои неговата ГЕРБ беше тесно поразена од „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов.

Слави дај им места на 40 министри, по еден на шумите, водите, судиите, обвинителите, полицајците, пожарникарите…, го советува Борисов новиот број еден политичар во државата.

Бојко влезе на брифингот и беше пречекан со силен аплауз од неговите сопартијци.

Аплауз! Шоу!, рече Бојко и се загледа во својот „идиот“ како да е поставен пред камери и како да чита од сценариото наменето за водителот со што го исмеа Трифонов.

Ама полесно се води шоу, бе. Зборуваш глупости, луѓето ти аплаудираат. Имаш платена публика и ти плескаат. Важно е да си имаш шоу, не е важно кој те гледа.

Запрашан за вселената која е дел од изборната програма на Слави, Бојко си замисли каква борба ќе настане кога на Месечината ќе стапнат Бугарин и Македонец.

Замислете, кога ќе стапнат на Месечината Бугарин и Македонец, кој ќе стапне прв, кој ќе завладее? Замислете каква борба ќе настане, а сега очекувате да ви одговорам дали ќе се договорат партиите за предлогот за Влада. Треба да си понесат одговорност – истакна Бојко Борисов.

Тој им порача на луѓето да се вакцинираат додека има вакцини и не ги фрлиле во канал, а за претседателот Румен Радев рече:

Ако го оставите народот на Румен Радев, стотици милиони беа потрошени за избори. Ќе нема повеќе пари за лекарите, за медицинските работници, ќе нема ниту за социјалните случаи. Ако не однесете во трети избори, тогаш ништо нема да значи тоа што ќе му се случи на ГЕРБ. Таков ни е наравот на Бугарите. Навечер пиеме, пееме убави песни, а наутро не знаеме дали сме за срам или за слава. Читајте го Ботев! Тој пишувал за денешното време.

Борисов додаде дека ГЕРБ веднаш ќе го врати мандатот доколку им биде даден затоа што сакаат да бидат силна опозиција.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This