(Видео) Митовски: Paзpeшувањето на Пауновски е на лична оснoва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, пратеникот Игор Јанушев, зборувајќи за разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат истакна дека се работи за дефокус од сите афери во ккои е вмешана владата.

„Да оставиме малку време, сигурен сум, барем сомневањата ми одат во таа насока дека има некоја игра во сето она што се случува сега, па ќе кажам, бидејќи веќе во се гледаме дефокус во јавноста, а во моментов актуелни се аферите со мафија со личните карти, она што вчера се случи во собранието и сега наеднаш излезе некој што туку така му опонира на Заев, па тоа наеднаш станува не знам каква тема во јавноста.“, изјави Јанушев.

Уредникот Александар Митовски посочи дека пркосот и непослушноста на Пауновски се селективни бидејќи имавме ситуација кога Заев лично го барал директорот на Државниот пазарен инспекторат за да затвори некоја кафана, дуќан, или да се уцени некој од тие сопственици на бизниси.

„Тогаш Стојки Пауновски го слушал Заев, му бил послушник или не му бил, му пркосел или не му пркосел?“, прашува Митовски додавајќи дека несогласувањето помеѓу нив е на лична основа.

„Значи се работи за лична основа. Тука имам една информација којашто не е до крај потврдена. Тоа е дека еден од луѓето коишто треба да се вработат, од овие коишто земаат плата и седат дома, и треба да преминат во Државниот пазарен инспекторат каде што до сега беше Стојко Пауновски директор, е еден од неговите напаѓачи, од луѓето коишто пред две години го нападнаа пред неговата зграда. И на таа лична основа човекот, наводно, му пркосел на Заев и слично. Пркост на Стојко Пауновски требаше да се види тогаш кога му се јавуваа на телефон и кога пушташе инспектори да прават драма во едно кафуле во Дебар маало за лидер на опозиција. Тогаш требаше да пркоси Стојко Пауновски, не сега, открива Митовски.

Емисијата Неделен брифинг во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This