ВИДЕО: Падна снег во Австрија, Италија и БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Австрија и Италија денеска падна снег, јавуваат медиумите.

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии и видеоснимки од автопатиштата во овие земји на кои може да се забележи првиот снег.

Снег започнал да паѓа и во Италија, но и во делот на австриските Алпи.

Студ проследен со дожд веќе ги погоди Словенија и Хрватска, пренесува Танјуг.

По обилните дождови во изминатите два дена во Босна и Херцеговина, на планините пристигна снег.

Федералниот хидрометеоролошки институт објави претежно облачно време, дожд во Херцеговина, централните и источните области на БиХ и снег и лапавица на врвовите.

Токму тоа се оствари на олимписката планина Бјелажница, каде паѓа првиот снег оваа сезона, пишува кликс.

Промената на времето во Хрватска веќе започна со обилниот дожд кој ги зафати Далмација и Истра, додека пак во Загорје паѓа град. Викендот ќе биде променлив на копното, со повремени повремени врнежи од дожд, а ќе има и значителен пад на температурата.

Највисоката попладневна температура на воздухот до среда ќе биде претежно помеѓу 14 и 19 степени, а најниската утринска од седум до 12, во планинските области само околу четири степени.

Утре во Црна Гора ќе биде умерено до целосно облачно, на места ќе се очекуваат врнежи од дожд и грмежи, почесто во јужните и централните области.

И во Словенија се очекува снег да падне на надморска височина од над 1.500 метри. Најниската утринска температура ќе биде околу два степени на северозапад, до 13 на море.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This