ВМРО-ДПМНЕ: Фирма на советник во Град Скопје, близок до Шилегов, фаворизирана од ФИТР, истата добивала тендери во 2018

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како истата фирма „Бригада Дизајн“ без тендер во четири очи добила две јавни набавки во вредност од над 40 илјади евра во 2018, исто така договор со Фондот за иновации и технолошки развој? Токму и сега фирмата на Ивановиќ повторно добива договор, но овој договор е 5 пати поголем и во вредност од близу 200 илјади евра, но овој пат преку тендер, се вели во соопштение до јавноста, од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на ФИТР.

Од реакцијата на Фондот за иновации и технолошки развој очигледни и јасни се две работи, велат од партијата.

Прво, договорот помеѓу ФИТР и Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ не е во четири очи и е објавен на тендер на бирото за јавни набавки, но и јасно е дека ФИТР призна дека тендерот го добива фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ.

Второ, останува Фондот за иновации и технолошки развој да одговори како токму фирмата на советникот Ивановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт агенда“ го добива овој договор, вреден околу 200 илјади евра? Како токму фирмата на „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ е избрана да го добие овој вреден договор од над 500 компании во Македонија?, соопштуваат од партијата.

ОД ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто токму оваа фирма ја фаворизира Фондот за иновации и технолошки развој?

Дали партнерство на Ивановиќ во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот за фаворизирање на фирмата „Бригада Дизајн“ што Бојан Ивановиќ е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?!, прашуваат од партијата.

Бојан Ивановиќ заедно со Павле Богоевски, Васко Лазаревски и Мартин Попов

Денеска на прес конференција, Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ oбвини дека Фондот за иновации продолжува да иновира нови начини за испумпување на пари од државниот буџет за сметка на фирми блиски до власта. Фирмата „Бригада Дизајн” ДООЕЛ од Скопје во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ и бизнис партнер на Јани Макрадули доби бизнис од 11.800.000 денари од Фондот за иновации.

Од ФИТР oбвинувањaта на Неловски ги нарекоа шпeкулации, а информации дека бил склучен ваков договор се целосно нeточни и измиcлени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This