(Видео) Сепак ќе не шитнат – Ковачевски избега од одговор за преговорите со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот лидер на СДСМ невешто го избегна одговорот на едно од клучните прашања за македонскиот народ, поврзано со спорот со Бугарија.

„Господине Kовачевски, доколку го добиете мандатот за состав на владата, кои ќе бидат вашите ставови по однос на прашањето за Бугарија, проблемот со Бугарија, Дали ќе бидат поблиску до оние коишто ги имаше досегашното раководство, или можеби ќе се вратите на антифашистичките корени на партијата?, упати прашање новинарот од Инфомакс, Милош Милошевски.

Наместо конкретен одговор дали СДСМ ќе се врати на своите идеолошки антифашистички корени, Ковачевски ја потенцираше резолуцијата во Собранието која пратените едногласно ја изгласаа. Ковачевски изрази надеж дека Македонија час поскоро ќе ги започне преговорите со Европската Унија потенцирајќи ги четирите позитивни препораки од ЕУ кои ги доби Владата предводена од СДСМ

„Во моментов Република Македонија води разговори со соедна Република Бугарија. Тие разговори се базираат на европски вредности, и во нив се почитуваат и резолуциите коишто се донесени од страна на нашите политички партии во парламнтот на република Македонија. И ќе продолжиме во тој дух, со тоа што сакам да испратам уште една порака, а тоа е дека после четири последователни позитивни извештаи од страна на Европската комисија, сега е времето Европсската унија да ни определи датум за првата меѓувладдина конференција и отпочнување на преговорите со Европската Унија“, одговори Ковачевски, избегнувајќи конкретен одговор на прашањето.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This