(Видео) Ѓорѓиевски: По големата победа на локалните избори логично беше да ја дадеме поддршката на Христијан Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во Скопје се одржаа избори за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупно 517 пријавени делегати гласале 492, од кои 489 за и три неважечки гласови делегатите ја потврдија позицијата на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарот од Инфомакс, Никола Цветковски, кој го следеше конгресот во живо, за текот и резултатите од изборот на лидер на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше со членот на работно тело и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека резултатот е очекуван и логичен со оглед на довербата која реизбраниот лидер Христијан Мицкоски ја ужува меѓу членовите на партијата, но и поддршката која народот и ја даде н апартијата на локалните избори.

„Денеска со завршувањето на овој конгрес, повторно за лидер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше реизбран господинот Христија Мицкоски. Нормално, и во целото членство и помеѓу делегатите Христијан Мицкоски ја ужива огромната доверба. Со самата победа на локалните избори гласовите коишто народот ги насочи према ВМРО-ДПМНЕ, односно со таа поддшка која ни ја даде на локалните избори, воедно покажа дека и курсорот односно кромилото со кое Христијан Мицкоски го управува бродот на ВМРО-ДПМНЕ, значи дека се движи во правилна насока и токму водени од големата победа на локалните избори логички беше да ја дадеме поддршката на Христијан Мицкоски за повторно во наредните четири да може да ја води партијата. Се надеваме дека во најбрзо можно време со едни нови предвремени парламентарни избори ќе има можност да ја води Република Македонија“, изјави Ѓорѓиевски.

Претседателот Христија Мицкоски за прв пат беше избран на 16тиот конгрес на партијата одржан во Валандово во 2017 година. Христијан Мицкоски настапи на чело на партијата во исклучително неповолни моменти когабеше замрзнат целиот имот и финансиските средства, а и целокупното членство се соочуваше со политички притисоци. После одржани три изборни циклуси како и еден референдум, партијата предводена од Мицкоски извои убедлива победа наминатите локални избори што пак индицираше континуитет на раководните структури. По овој конгрес се очекува во партијата да има реконструкција и кадровси освежувања. На конгресот се донесе и нова доктрина на партијата за којашто пак се вели дека е спој на двата Илиндена. Се потенцира и дека никој нема право да го оспорува и менува идентитетот на граѓаните како и тоа дека клучна точка за ВМРО-ДПМНЕ е семејството и дека војлата на партијата е семакедонска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This