(Видео) Словенија гopи: 3aпалени фakели летаа кон Парламентот на aнти-koвид пpoтеcтите, полицијата возврaти со coлзавец и водени тoпoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Запалени факели летаа кон зградата на словенечкиот парламент вечерва во протестот против ковид-рестрикциите на плоштадот „Република“ во Љубљана. Полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но се случи инцидент кога еден од учесниците фрли шише врз еден од полицајците кои го обезбедуваа собирот. Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон собраниската зграда. Според Н1- Словенија, на собирот се и навивачките групи на двата најголеми фудбалски клуба во земјата.

Кога толпата се приближи кон собранието и почна да фрла факели, полицијата одговори со солзавец и ја растури групата. Многу демонстранти побегнаа.

Денеска во Словенија стапија во сила заострените мерки против ковид кои предизвикаа големо незадоволство кај невакцинираните. Најголемото незадоволство е кај возачите кои ако немаат ковид-пропусница не можат на наточат гориво во својот автомобил. Демонстрантите упатија две барања: промена на мерките за сузбивање на вирусот во препораки и распишување предвремени избори.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This