(Видео) Тaлибанците крeнаa во воздyх тврдина стара неколку вeка бидeјќи се коcи со нивните толкувања на исламот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа талибанците како ја уништуваат тврдината Грешк во провинцијата Хелманд, бидејќи се коси со нивните толкувања на исламот.

Според зборовите на еден граѓанин на Хелманд, тврдината е урната наводно за да ѝ отстапи место на изградба на медреса или верско училиште во тоа подрачје.

Градот Грешк, изграден е околу тврдината по течението на реката Хелманд. Тврдините биле под британска власт во време на англо-авганистанската војна во 19 век.

Тврдината, според преданијата, е место каде Тимур, основачот на Тимурското царство кое го опфаќало денешен Авганистан, Иран и централна Азија, еден од најголемите воени лидери и тактичари во историјата останал без нога.

Најголемото злосторство против светското културно наследство талибанците го направија над величествените статуи на Буда од Бамијан.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This