(Видео) ЈАСНО Е ЗОШТО МОЛЧАТ: Сега е јасно зошто Штип остана без болница…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата зад мене молчи за афepaта „Рekeт 3“, молчи Оливер Спасовски, молчи Венко Филипче. Нема ниту глас од Зоран Заев, иако „Рекет 3“ како надоврзување на „Рeкет 1“ и „Рeкет 2“ излегува во јавноста на три месеци пред избори, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски појаснува дека сега е јасно зошто Штип остана без болница, јасно е дека заради лукративни цели и нeзаконски постапувања болницата уште не е доградена. „Рекет 3“ е случај на рeкетирање на домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. „Рекет 3“ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е испочитуван. „Рекет 3“ е случај наново барање на 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која што должи пари и веќе две години доцни со градбата.

Стоилковски побара од Оливер Спасовски, неговиот ментор Зоран Заев, и пред се Венко Филипче мора да објаснат зошто не е активирана банкарската гаранција и покрај тоа што се пробиени сите рокови и е раскинат договорот со подизведувачот.

„Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен?“, прашува тој.

Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали е навистина е таа блиска до власта? Дали градежните работи и градежните фирми на штипската болница ги координира човек од семејството на поранешен премиер?

Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект кој што врзан за аферата „Рекет 3“?

Однесувањето на власта е срамно, однесувањето на обвинителството за организиран криминал уште посрамно. Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои што денес ни носат порази е неминовен, вели Стоилковски во своето обраќање.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This