Професорката Тања Каракамишева запраша што се можеше да се направи со милионите кои се планирани да се потрошат за престојниот референдум за самоукинување, прашувајќи колку болници, училишта и градинки можеше да се изградат, колку болни луѓе можеа да се спасат, колку земјоделци можат да се исплатат, колку социјални случаи да се нахранат?
Карамишева ги спомена 5-те милиони долари пари на УСАИД како и 1.3 милиони евра народни пари кои ќе бидат потрошени за референдумска пропаганда. За крај таа заклучи дека актуелната власт и нејзините поддржувачи се решиле за еден месец да ги наполнат своите џебови на штета на целиот народ.