Стразбур тpoпа на врата: Прашање на време е кога Мијалков и останатите екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гледам многумина од вас реагираат на денешното ослбодување од притвор на Сашо Мијалков, пишува на фејсбук новинатот Милош Милошевски.

Во продолжение целата негова објава:

Морам да напоменам дека ниту Мијалков, ниту било кој друг обвинет од СЈО и во други политички монтирани случаи нема уште долго да остане во притвор или затвор, а државата ќе треба да исплаќа милионски казни за тортурата, уцена, рекет и незаконитите и политички монтираните процеси кои се водат против екс функционери, поддржувачи и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но и познати бизнисмени.

Да можеби не знаете, но лично Мијалков беше помеѓу жртвите на рекетарската шема на власта, а тоа набргу ќе се докаже, ќе излезе на виделина и наместо оние на кои сакаа да им сместа децениски затворски казни паушално и без никакви докази, во затвор ќе одат оние кои ги монтираа процесите и рекетираа.

Судот во Стразбур речиси сигурно ќе пресуди во корист на екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи никаде во свет аболицијата не може да се повлече, а што се однесува до законското решение кое беше донесено по аболицијата тоа не може да важи ретроактивно.

Владата одби да се спогоди во Стразбур со тужителите, но тоа не значи дека судот нема да има пресуда која државата мора да ја почитува, па нели се залагаме за европски вредности.

Во оваа насока е и пресудата на врховниот суд на Грција, земја членка на ЕУ која одби да ги екстрадира агентите на УБК со образложение дека аболиција не може да се повлече.

Не станува збор за лични желби туку за владеење на право и Закон, право на фер постапка и што ли уште не… Ако кај нас не функционира системот и се врши прогон како во турско, кадија те тужи, кадија те суди во Стразбур овие пиперкарски фори не поминуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This