ВЛАДАТА НЕ ЗНАЕ ШТО ПРАВИ: Не знаела дека државна компанија за производство на струја нема законска можност да дава пари на општините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова потсети дека на 7 или 8 декември имало соопштение од седницата на Влада каде се вели дека греењето на домаќинствата е најголем зaгадувач на воздухот.

Имено таа посочи дека уште во првата реченица од тоа соопштение има неточна информација, без направена било каква анализа за да се потврди дека навистина е така и дека да греењето на домаќинството е зaгaдувач на воздухот, меѓутоа не е најголем и затоа на влада е одлучено да се субвенционираат инвертер-клима уреди за 10 000 домаќинства од Скопје, Битола, Тетово и Кичево.

Манаскова во своето обраќање објасни дека во продолжение на тоа соопштение се вели дека за реализација на еко-мерката обезбедени се 10 милиони евра од страна на АД„ЕСМ“ и дека граѓаните наскоро ќе биле запознаени за процесот на аплицирање.

-Во меѓувреме, парите за инвертори кои требаше да ги даде АД„ЕСМ“ во специјалниот наменски фонд завршија во централниот буџет. Уште еден показател за тоа дека имаме Влада што апсолутно не знае што прави. Факт е дека не знаеле кога ја носеле одлуката на 158 седница дека нема законска можност државната компанија за производство на струја да дава пари на 4 општини, и тоа после неколку месеци го дознаваат во Владата, и сега се бара од пратениците да се одобри оваа прераспределба на 10 милиони евра од буџетските корисници за во Фондот за субвенција на инвертер клими, кажа Манаскова.

Таа истакна дека од ставката 4 и 8 од буџетот, капитални дотации до единиците на локалната самоуправа се додаваат овие 620 милиони, а за потсетување се зема од информатичка поддршка 140 милиони од министерството за одбрана, од агенцијата за странски инвестиции, од државниот завод за статистика.

-Оваа мерка како што кажав е најавена на стартот на зимата, како една од мерките за почист воздух . Еве сега сме во екот на најголемото зaгaдување, а оваа мерка една и единствена, е се уште во постапка, додаде пратеничката.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This