ВМРО-ДПМНЕ: Додека власта се расфрла со лаги, граѓаните продолжуваат да се гушат и завиваат во црно од загадениот воздух

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ повторно манипулира и ја замајува јавноста. Половина од мерните станици со месеци не функционираат, додека неспособната власт на СДСМ се фали дека истите не покажувале загаденост, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Исклучувањето на мерните станици во местата со најголема загаденост не е мерка против енормно загадениот воздух.  Додека власта се расфрла со лаги, граѓаните  продолжуваат да се гушат и завиваат во црно од загадениот воздух. Скопје изминатата ноќ беше седми град по загаденост во светот,  во друштво со Пекинг од Кина и Лахоре од Пакистан. Тоа  е доволен показател СДСМ и Шилегов немаат превземено апсолутно ништо за решавање на проблемот со загадениот воздух, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ ветуваше итни мерки, а речиси две години ништо не реализираа.

-Граѓаните се завиваат во црно, а Шилегов си игра игрички, Макрадули си дреме, а Дураку вели дека не му е грижа за тужбите од граѓани и активисти заради загаденоста. Наместо да се фалат со исклучените мерни станици, треба веднаш да ги приклучат и да постават дополнителни и тоа во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот, да може подобро  да се контролира загаденоста. СДСМ наместо живот донесе црнила за граѓаните. Во изминатиот период покажаа дека не се способни ниту имаат намера да се справат со загаденоста, единствено што имаат намера е да лажат и да се луксузираат.  Затоа мора веднаш да си заминат. заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This