ВО БРИТАНИЈА ПАРИ ЗА ПАРТИЈАТА СЕ ЗЕМААТ И ОД ПОЧИНАТИ ЧЛЕНОВИ: Козервативната партија на Тереза Меј собрала преку 2милиони евра од починати членови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројките објавени од страна на Изборната комисија на Обединетото Кралство покажуваат дека Лабуристичката партија заработила 19 пати повеќе пари од своите членови отколку конзервативците(). Интересен факт  кој е објавен од страна на  Изборната комисија е дека Конзервативната партија добила двојно поголема сума пари во форма на наследството од починати членови, за разлика  од членарините минатата година.

Членарината од живи членови на конзервативците изнесува само  835.000 фунти од вкупниот приход кој изнесува 45,9 милиони во 2017 година, во споредба со 1.69те милиони фунти оставени од членовите на конзервативците во својот тестамент на поддржувачите кои се  починати. Донациите во вкупна вредност од 34,25 милиони фунти го сочинуваа најголемиот дел од парите што ги добила партијата.

За споредба, Лабуристичката партија остварила приход од 55,8 милиони фунти во 2017 година. Ова се смета дека е највисокиот приход што некоја британска политичка партија го остварила во една календарска година, надминувајќи ја сумата од 51 милион фунти што беше остварена во 2015 година, кога партијата се бореше со општи избори под Ед Милибанд. Вкупно 16 милиони фунти од приходот од лабуристите беше од членарина, а 18 милиони фунти направени во донации.

Членството на Лабуристичката партија значително се зголеми, бидејќи Џереми Корбин стана лидер на партијата во 2015 година. Лабуристичката партија пријави дека сега има членство од околу 550 илјдаи во споредба со 70те илјди на конзервативцките. Овие статистики околу приходите и членството значи дека лабуристичката партија сега е повеќе зависна од надоместоците од обичните членови на партијата, отколку од големите донации.

Во меѓувреме, конзервативната партија продолжува да се соочува со опаѓање и стареење на членството, додека продолжува да се бори за нови потенцијални членови на партијата. Проценките за просечната возраст на членовите на лабуристите оваа година се движат од 57 на 71.

Податоците на Изборната комисија, исто така, откриле дека во 2017 година, Либералдемократите собрале 9,71 милиони фунти, СНП имал приход од 5,8 милиони фунти, зелените добиле 2,47 милиони фунти, а УКИП заработил 1,74 милиони фунти.

 

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This