Во ноември peфepeндум за отцeпyвaњe нa Текcac од CAД?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напорите за отцепување на Тексас од САД добиваат на сериозност со нацрт-законот во законодавниот дом на државата Тексас со што ќе се постави дилемата за отцепување на референдум во ноември 2021 година.

Идејата за отцепување се повеќе се дискутира низ целата земја, како резултат на, како што многумина сметаат, изборите кои беа дискутабилни и целосниот неуспех на судскиот систем да донесе правдата за американскиот народ и поитување на гласот на Американецот.

Покрај тоа, огромното мнозинство на луѓе се загрижени дека федералната влада не презема ништо за да ги обезбеди нивните права од првиот амандман на Уставот за слобода на говор и слобода на здружување пред драконската цензура од страна на компаниите Биг Тек,

Но, во државата Тексас идејата за сецесија се претвори во акција.

Државниот претставник на Тексас, Кајл Бидерман (Р), конзервативен и поранешен сопственик на продавница за хардвер и дилер на оружје, вели дека ќе претстави предлог-закон со кој ќе се одржи референдум за отцепување на гласањето во ноември веќе оваа недела.

Без откривање на какви било специфики, референдумот ќе го постави прашањето дали Тексас треба да ја бара својата независност од Соединетите држави.

„Федералната влада е надвор од контрола и не ги претставува вредностите на граѓаните на Тексас“, напиша Бидерман а. „Мојата канцеларија беше преплавена со поддршка не само од граѓани од Тексас туку и од истомисленици патриоти низ целата земја“.

Ако неговиот предлог-закон излезе од дебатата и расправата на комисијата, тој ќе биде ставен на гласање пред 150 државни претставници и 31 државен сенатор.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This