ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ: 104 лицa не ја почитувале зaбрaнaта за движење, пpивeдeни 76

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера започна да се применува мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во 11 часот, а ќе трае до утре до 05 часот. Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките и со своето однесување придонесуваат да се спречи ширењето на коронавирусот, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката.

По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 82 прекршоци.

Во државен карантин се спроведени 23 лица.

Вчера започна да се применува мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во 11 часот, а ќе трае до…

Posted by Наќе Чулев on Monday, May 25, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This