Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одлучува за одобрување на првата вакцина против коронавирус во Европската Унија, која е произведена од „Фајзер“ и „Бајонтек“, а нејзиното пристигнување во Хрватска се очекува на 26 декември.
Институтот за јавно здравје е надлежен за планот за вакцинација во Хрватска.
„Првите дози ќе бидат во почетни количини“, им рече на новинарите директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД), Синиша Томиќ.
Тој најави дека по одобрувањето, сите детални информации за лекот ќе бидат објавени, најпрво на англиски јазик, а потоа и на јазиците на сите членки на ЕУ.