Германија се подготвува за нова фаза во бopбата прoтив eпидeмијата на кopoнавирусот, при што на некои бизниси сега им е дозволено да работат по едномесечен прekин, јави ДПА.
Се отвораат мали и средни продавници со површина помала од 800 метри квадратни, иако 16-те покраини имаат различни правила за враќање на работа.
Дилерите на автомобили и на велосипеди и книжарниците исто така ќе можат да продолжат со работа. Во некои провинции зоолошките градини се исто така на оваа листа.
Училиштата ќе бидат отворени за дел од учениците кои полагаат или се подготвуваат за испити во Саксонија, Берлин и Бранденбург. Другите провинции треба да ги отворат училиштата подоцна оваа недела или почетокот на мај. Дебатата за грижата за помалите деца продолжува. Се очекува денеска да се одржи состанок на работната група на која ќе се разговара за постепеното обновување на работата на јаслите и градинките во државата.