Екс-премиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Фејсбук повика граѓаните масовно да се приклучат на вечерашниот протест пред Владата на Р.Македонија, а народот да испрати јасна порака
„Помина една година, а веќе ретко кој сеуште не ја препозна големата лага на СДСМ. Време е да им се испрати јасна порака. Дека знаеме и гледаме што се случува. Дека не се согласуваме. И дека сакаме промени. Вечерва е добра можност. Поддршка за денешниот собир.
Македонија ќе победи!“ – напиша Груевски на својот ФБ профил.