Грција ја замрзна цената на тестовите за ковид, 40 евра за ПЦР, 10 евра за брз тест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За спречување на профитерство, грчката Влада воведува плафон за цените на тестовите, како за ПЦР така и за брзите, кои не смеат да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи Панајотис Стамбулидис на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство.

Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните. По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга, објасни Стамбулидис и соопшти дека молекуларниот тест ќе чини најмногу 40 евра, а рапид тестовите 10 евра.

Цените на ПЦР тестовите во приватните лаборатории во Грција сега се од 70 до 90 евра

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This