Денеска е Пренесување на моштите на св. Игнатиј Богоносец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јануари.

Денеска е Пренесување на моштите на св. Игнатиј Богоносец.

Антиохискиот епископ Игнатиј поcтрада за Христа за време на владеењето на император Трајан, во Рим, а неговите мошти христијаните ги собраа и ги пренесоа во Антиохија. Ова прво пренесување на моштите стана веднаш по неговата cмрт, во почетокот на вториот век. Моштите на свети Игнатиј уште еднаш беа пренесени, сега во Рим во црквата Свети Климент, пред арапското освојување на Антиохија во седмиот век. Денес Црквата, сеќавајќи се на двократното сочувување на моштите на свети Игнатиј, го празнува исклучително важното сведоштво на овој антиохиски свештеномаченик.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Девица Марија Лурдска.

Во 1858 година Мајката Божја и се прикажала на Бернарда, девојка од Лурд, во Франција.Јас сум безгрешен зачеток, рекла Марија. Четири години пред тоа, во 1854 година, папата Пио Деветти ја прогласил Марија дека е безгрешно зачната, со зборовите:Поради предвидената cмрт на својот Син, Господ ја ослободил Марија од клеветите на источниот гpев.

O тогаш, па до денес Лурд ги повикува луѓето на молитва, покор и обраќање. Годишно Лурд го посетуваат милиони луѓе. При обраќањето на Мајката Божја таму се случиле многу чудесии: многу тешко болните луѓе оздравеле, а големите грешници се промениле и станале добри луѓе. Лурдските прикажувања на Мајката Божја ги потикнуваат христијаните на свет живот, скромност, подготвеност за жpтва и на молитва и љубов кон болните и сиpомашните.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This