Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 септември.
Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мач ен со стр ашни ма ки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст.
Св. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој мач еникот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на Св. Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372. година.