Димовски: Нарачателу и извршители на мојот пpoгон и тopтура, нема да ве прашам каде ќе ви одат душите, оти души немате, одамна сте ги продале на злотo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Димитар Димовски, член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ веќе четврта година е предмет на политички прогон од страна на власта, заради неговото политичко дејствување и љубовта кон Македонија. Деновиве, како што соопшти тој, се очекува тој прогон ќе го прошират со трет, повторно монтиран кривичен предмет, додавајќи дека тоа не го чуди, бидејќи власта има потреба да ги покрива криминалиите кои ги прави и неспособноста која е очигледна.

„Но, не можам да ги разберам институциите – полицијата, обвинителството и судството, кои наместо да ја гарантираат правдата, се ставени во функција на овој политички прогон и тортура. Толку ли не им е јасно дека доаѓа денот кога ќе одговараат за злоупотребата нивните службени овластувања?“, прашува Димовски.

Димовски додава дека не е единствената жртва на политички прогон во земјата.

„Со овие измислени процеси, освен врз мене, се врши политички прогон и тортура и врз неколкумина колеги. Од тоа страдаат моето, но и нивните семејства. Последиците од стресовите ги чувствуваме сите и сериозно се одразуваат по здравјето на секој од нас“

Неправдата со која се соочува ја гледаат и неговите две малолетни дечиња, кои се исплашени дека нивниот татко може да биде одведен, како што веќе еднаш тоа се случи.

„Бидејќи еднаш ме однесоа од дома во 5 часот наутро, децата се уплашени дека тоа може повторно да се случи. Понекогаш се будат на среде ноќ, да проверат дали сум дома. Тоа е ефектот на тортурата која ја спроведуваат нарачателот и нему поданички настроените службеници од полиција, обвинителство и судство.“, вели Димовски.

Димовски вели дека нема да дозволи прогонот и тортурата да го замолчат, напротив, му даваат сила да продолжи да се бори против неправдите кои му се нанесени.

„На крај, ако целта на овој политички прогон и оваа тортура е да ме замолчите, нема да замолчам. Напротив, до последен здив ќе се борам против вас, оти сте зло. Брзо ќе дојде денот кога ќе одговарате за сите неправди, но и за сите злодела и криминал кои ги правите. Ќе одговарате и за сиот детски плач на моите, но и на децата кои плачат по своите татковци и мајки кои ги обвинувате и судите неправедно. И за секоја солза пролеана од мојата и од сопругите на многумина кои се во иста ситуација како мене. Ќе одговарате и за сета болка и сите болести кои им ги нанесовте на нашите родители. Пред судот или пред Бога, ама ќе одговарате“, дециден е ДИмовски.

Ако ви е целта со измислени и монтирани процеси да го замајувате народот, нема да ви успее. На сите им е јасно што правите.
Нарачателу и извршители, нема да ве прашам каде ќе ви одат душите, оти души немате, одамна сте ги продале на злото. Ама, поколенија имате. Толку ли не помислувате дека тоа што им го правите на другите, еден ден може да ве стаса и вас или вашите најмили?

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This