ДРАМА ВО ВЛАДАТА: Сашо Ордановски ги контаминирал министрите на Владата со коронавирус?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, 23 април 2020 година, од извори блиски до владата, дознавам дека, во Владата на Република Македонија се одржал брифинг со новинарите, уредниците и известувачите на медиумите од Македонија. Меѓудругото, после настапот на новинарот Сашо Орданоски, присутните, а особено техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот Венко Филипче, биле непријатно изненадени, дури и вчудоневидени, од сознанието, дека дотичниот новинар, според неговта изјава, бил во контакт со лице од Италија (лицето било припадник на женскиот пол). Контактот бил обавен пред две-три недели. По проток на извесно време (неопределено време), лицето одлучило да се тестира, го направило тестирањето и резултатите биле негативни, што значи не е заразен од корона вирусот. Доколку тoa e така, сполај му на Господа, што неодговорноста, не дисциплината и отсуството на етика и морал кај лицето Сашо Орданоски, сега-за-сега, не резултирале со штетни последици – зараза од смртоносниот вирус.

Од оваа несакана и вознемирувачка случка во Владата на Република Македонија, дознаваме неколку неспорни факти:

Како прво, лицето Сашо Орданоски и покрај неспорниот факт дека бил во контакт со лице, од кое постоела голема веројатност да биде заразено, не се самоизолирал, со цел пак тој да не биде потенцијален пренесувач на вирусот.

Второ, не се пријавил на надлежните здравствени институции, со цел да биде ставен во задолжителен карантин, за да се спречи евентуалното понатамошно пренесување на вирусот. Со тоа покажал дека е неодговорен кон себе, кон своите најблиски во семејството, кон соработниците и кон секој, кој со него стапил во контакт, од моментот кога тој го остварил контактот со лицето од Италија, до тестирањето и добивањето на резултатите.

Имајќи во предвид дека дотичниот е и новинар, неговата одговорност е уште поголема. Знаеме тој е имател на сертификат за управување со класифицирани документи, и што правиме ако во напред наведениот период му текнало да оди во државни институции, да бара да му се достават, т.е. стават на увид, документи кои се недостапни во редовна процедура и се заштитени со степен на доверливост од службена до државна тајна.

Знае ли тој колкава штета можел да причини по здравјето и животот на луѓето? Слушнал ли тој за поимот одговорно и досциплинирано однесување на граѓаните во вонредната состојба во која западнавме?

Знае ли што е новинарска етика и чесно и одговорно постапување со информации, кои ако се сокријат, можат да го загрозат здравјето на луѓето, до ниво на губење на непроценливи човечки животи?

А што правиме, ако првото тестирање, од било кои причини не ги дало точните резултати (недај боже) и тој фактички ги загрозил животите на своите колеги и на сите со кои денес дошол во контакт, во Владата и Кризниот штаб?

Дали техничкиот премиер, Оливер Спасовски, министерот, Венко Филипче, и сите кои биле на брифингот не треба веднаш и итно да бидат тестирани, со цел да се заштити нивното здравје и да се спасат нивните животи? Што е сигурно, сигурно е?

А сега, треба ли да пишувам колку беа “навремени“ и се не/ефикасни мерките на Владата и Кризниот штаб. Каква е таа безбедност на ВИП личности, кои тет-а-тет, од непосредна близина дознаваат дека брифираат лице, новинар, кое било потенцијален преносител на корона вирусот, и новинар со манири, напред опишани?

Како вечерва ќе заспијат новинарите што биле на брифингот?

Дали воопшто ќе заспијат? Што да мислат за ваквите колеги?

Дали и како тоа да им го кажат на своите блиски?

Луѓе бре, ланецот на прашања за одговорноста и етиката е бескраен за едни вакви неодговорни и неетички однесувања. Имам уште многу да напишам, ама тука ќе привршам.

Само едно ме интересир: од моментот кога Сашо Орданоски, го соопштил, тоа што го соопштил, што се им поминали низ главата на техничкиот премиер, министерот за здравство, присутните од медиумите и сите останати. Не би сакал да сум во нивна кожа, ам најискрено има посакувам добро здравје и се најдобро во животот.

Сотир Костов
П.С.
Овој текст е напишан со добронамерни побуди и пред се хумани намери, воден од двјна цел: исполнување на обврските на јавниот интерес – јавноста да биде информирана, но и обид институциите и поединците да се натераат да постапуваат во согласност со обврските, одговорностите и етичките начела. Да беше поинаку, моето постапување, исто така ќе беше поинакво.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This