- Advertisement -
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека утре, поради дефект на водоводна мрежа на улицата „Петар Горгиев“ бб, во населбата Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Беласица“, Општина Гази Баба и „Пуцко Петрол“.
Со намален притисок ќе бидат дел од корисниците од населба Автокоманда и тоа од 09:00 часот до завршување на зафатот.