Едногодишен помен на великанот Љубиша Георгиевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Недела, 1ви Декември, во 12ч на градските гробишта Бутел, ќе одбележиме една година помен од смртта на нашиот сакан татко, дедо и сопруг, кој не само што припаѓаше на нас, туку и на Македонија. Бескрајно многу ни недостасува незаборавниот наш засекогаш еден и единствен Љубиша Георгиевски – стои во повикот за помен на неговото семејство.

Георгиевски е роден на 30 мај 1937 во Битола. Почина во 2018 година на 6. декември.

Љубиша Георгиевски Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Зборувал англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски и романски.

Има објавено десеттина книги.[се бара извор] Како филмски режисер има режирано четири филма: „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Републиката во пламен“ (1969), „Цената на градот“ (1970).

Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.

На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Бил амбасадор и ја претставува Република Македонија во:

Бугарија (од 2000 до 2004) и
Србија (од 2009 до 2013)
Бил претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This