ЕУ со ocтра реакција на принyдното приземјување со вoeни авиони на патнички авион во Белорусија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европска Унија денеска побара на сите патници од авионот на компанијата Рајнер, кој принудно слета во Минск, веднаш да им биде дозволено да го продолжат патувањето.

– Сите патници мора да имаат можност да го продолжат летот кон Вилнус веднаш и да им се обезбеди сигурност. Недозволиво е секое кршење на меѓународниот воздушен сообраќај – напиша на Твитер претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претходно, претставничка на „Литвански аеродроми“ Лина Беисиен изјави дека авионот принудно слетал во Минск поради конфликт помеѓу еден патник и член на екипажот. Таа додаде дека литванската Управа за цивилно воздухопловство нема информации дека во авионот имало експлозив.

Белоруските власти денеска наредија авион на Рајанер, кој сообраќал од Грција до Литванија принудно да слета во Минск. По слетувањето на авионот уапсен е еден од главните блогери и активисти на белоруската опозиција, Роман Проташевич. Авионот на релација Атина – Вилнус се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија и скоро стигнал до Литванија кога пилотот бил принуден да го смени правецот. Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото. Според белоруската државната новинска агенција БеЛТА, претседателот Александар Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион.

Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Тој во Белорусија е означен како екстремист.

Претходно, претседателот на Литванија, Гитанас Науседа побара од Белорусија да го ослободи Проташевич.
– Ги повикувам сојузниците на НАТО и ЕУ веднаш да одговорат на заканата што ја претставува белорускиот режим за меѓународните цивилни летови. Меѓународната заедница мора да преземе итни чекори за да спречи тоа да се повтори – истакна Науседа.

Тој додаде дека планира го покрене тоа прашање на утрешниот самит на Европска Унија.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This