ЕУ ЌЕ ГИ ОБНОВУВА ОДНОСИТЕ СО КИНА: Нова стратегија на ЕУ за продлабочување на патрнерството со Кина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и бебзедност со Федерика Могерини предложија нова стратегија за партнерството со Кина, што треба да биде разгледана на претстојниот Самит на Унијата на 21 март.

Европската извршна власт и шефицата на европската дипломатија сметаат дека во контекст на „растечкото политичко и економско влијание“ на Кина, ЕУ треба да ја обнови својата стратегија кон оваа светска сила и во тој контекст нудат десет конкретни мерки, кои земјите членки на Унијата ќе треба да ги одобрат идната недела.

Мерките се однесуваат на низа области, од нyклеaнpиот договор со Иран, до климатските политики, преку социјалните стандарди кои ЕУ сака да ги зачува и се разбира пакет мерки кои се однесуваат на технолошкиот и инфраструктурен развој, посебно со оглед на безбедноста на 5Г мрежите.

„Кина е стратешки партнер на Европската Унија, одржуваме силна билатерална и мултилатерална соработка за предмети во кои имаме заеднички интереси, од трговија до конективност, од нуклеарниот договор за Иран до климатските промени, и сакаме да продолжиме да бидеме посветени онаму каде нашите политики се разликуваат или се натпреваруваат, тоа е целта на десетте акции кои ги предлагаме за да ги засилиме односите со Кина, во дух на взаемна почит“, изјави Могерини.

Еврокомесарот за раст и конкурентност Јирки Катаинен, од своја страна, истакна дека целта на предлозите презентирани денеска е зајакнување на европската конкурентност и поголем реципроцитет помеѓу двата пазара.

„Кина е истовремено партнер за соработка со кој ЕУ тесно се усогласува и економски конкурент кој се бори за технолошко лидерство, како и системски ривал кој промовира алтернативни модели на владеење“, констатира Европската комисија.

Во овој контекст, ЕУ смета дека сега е потребно да ги преобмисли односите со својот азиски партнер, како и да врши поголем притисок врз клучните сектори за да ги постигне своите цели.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This