Фрлањето на анатеми, со цитирање на стихови од Куранот од страна на потпретседателот на СДС Мухамед Зекири, денес предизвика жестоки реакции од ЛГБТ организациите, но и од оние кои во текот на „револуцијата“ стоеа рамо до рамо со Заев и Зекири, верувајќи во нивните лажни ветувања дека тие ќе ја поддржувале оваа малцинска група
Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци, која исто така беше дел од „шарената револуција“ смета дека со еден статус на ФБ, Мухамед Зекири му подарил 10.000 гласови на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.