Заев за „Еуроњуз Албанија”: Aко Европската Унија затајува се создава плодна почва и за нон пејпери и за стратегии кои ќе се развијат во нешто кое што нашите народи овде не го посакуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност, поука и пример за сите други земји, изјави премиерот Зоран Заев за „Еуроњуз Албанија“.

„Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да продолжат процесите, заради тоа што во спротивно се развиваат нон пејпери и дискусии за нови етнички граници, нови граници на држави, а тоа, знаат и децата е можно само со пушки и со оружје. Не нѝ треба тоа, 21 век е”, вели премиерот Заев во интервју за „Еуроњуз Албанија” (Euronews Albania), додавајќи дека тој сериозно верува дека, ако Европската Унија затајува и ги забавува процесите, се создава плодна почва и за нон пејпери и за стратегии кои ќе се развијат во нешто кое што нашите народи овде не го посакуваат.

Премиерот Заев во интервјуто потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат.

Тој посочи дека е многу важно и тоа што, нашата држава, Македонија, е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност и поука и пример и за сите други земји.

„Сето тоа е возможно со европската мотивација, Европа е должна да нѐ држи мотивирани за да продолжиме кон нашиот европски пат”, изјави премиерот Заев, додавајќи дека национализмот и шовинизмот го има насекаде во светот, но на Балканот е видлив и затоа не треба да се потхранува бидејќи ги уништува перспективите на младите, нивните генерации.

„Сите ние имаме посебно национално чувство и топлина во нашите гради, но сите ние сме должни да им оставиме на децата европска иднина затоа верувам во онаа обединетост на различностите што е симболот на ЕУ”, вели одлучно Заев.

Премиерот Заев додава оти верува дека Европа навистина ќе остане Европа, солидарна и во својата филозофија на формирање и опстојување како уникатен пример во светот, ќе продолжи да постои и да се унапредува.

„Затоа што иднината на светот е преку развивање на демократските вредности, преку слободите, преку обединетост во различностите да се остварува просперитет и иднина на целиот свет, па така и на европскиот континент”, вели премиерот Заев во интервјуто за „Еуроњуз Албанија”.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This