Мицкоски: Стоев кажа дека алapмантната бугарската декларација е основа на разговорите, а Заев нeгира – нека излезат и нека го кажат патоказот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ истакна дека бугарскиот министер за надворешни работи Стоев јасно кажал дека основа за било кои разговори е она кое што е содржано во декларацијата усвоена од Бугарскиот парламент во октомври 2019 година.

Toj во врска со тоа исто посочи дека од друга страна, пак, Заев тоа го негира и затоа е потребно да се излезе во јавноста и да се каже кој ја говори вистината.

-Кажа техничкиот министер за надворешни работи Стоев дека основа за било кои разговори е она кое што е содржано во декларацијата усвоена од Бугарскиот Парламент октомври 2019 година. Сега кој не ја говори вистината? Имаме политички докажан измамник во Македонија и го имаме овој технички министер во Бугарија кои имаат црно-бели ставови. Тука не постои зближување. За да создадете една сива нијанса, невозможно е. Нека кажат кој ја говори вистината, истакна Мицкоски во своето гостување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This