ЗИЈАДИН СЕЛА И ДУИ СО ПОДДРШКА ЗА ЗАЕВ: Според Села, ако не се прифати предлогот на Заев, Македонија да се подели на два дела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Зоран Заев, претседателот на СДСМ, изјави дека нема ништо против ако се воведе двојазичност на целата територија на Македонија и по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се јави и Зијадин Села, градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи на ДПА.zijadin_sela

 

 

 

Тој на својот фејсбук-профил напиша:


mkd-283996

„Ако за ВМРО-ДПМНЕ албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, тогаш Македонија нека се подели на две федерални единици – албанско и словенско говорно подрачје“.

Партијата на Села деновиве преговара за коалицирање со повеќе помали политички партии на Албанците во Македонија (Беса, Унитети, НДП и ПДП) за заеднички настап на изборите против ДУИ и ДПА.

Од ДУИ позитивно ја оценија изјавата на Заев.

Потпретседателот на Собранието, Рафис Алити, во изјавата за ТВ 21 рече дека таквата одлука треба да биде поздравена, но според него, прашањето за употреба на албанскиот јазик треба да се регулира со Уставот и Рамковниот договор.

ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека изедначувањето на македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за нив.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This